Вести

Актерот Илија Илиоски стана кумановски зет

By Radio Bum

April 24, 2017

Илија Илиоски, познатиот актер од „Театар Kомедија” – Скопје,  стана кумановски зет.

Тој судбоносното „ДА” го кажа заедно со Катерина Ангеловска сега Илиоска од Куманово.  Катерина, избраничката на Илија е продуцент во Канал 5 телевизија, каде се запознале и ја започнале нивната љубовна приказна.

Пред бога на вечна љубов се заколнаа во Марков манастир.

Свадбената забава продолжи во „Паб Комедија„ каде заедно со колегите од телевизија Канал 5 и актерите , роднините и пријателите со бендот „Ние другарите од Битола” се забавуваа  до утринските часови.

Да беше ерген ќе му честитавме на Роберт  Јанков , водител во Канал 5 телевизија кој го фати бидермаерот.

Честитки до младите за среќен брак и многу дечиња.