„Поголема група на насилници под дејство на алкохол влегоа на семејна веселба во ресторант и прво вербално ме провоцираа по што и физички ме нападнаа. Не ги познавам напаѓачите , но згрозен сум од целата ситуација„- вели за Бум пратеникот Максим Димитриевски.
Тој случајот го пријавил и во полиција , а побарал и лекарска помош.
Ноќеска во 1 часот по полноќ додека бил на семејна веселба непознати лица под дејство на алкохол влегле во ресторантот каде била веселбата и пред гостите го навредувале Димитриевски, по што и физички го нападнале.
„Интервенираше и обезбедувањето почнаа физички да се пресметуваат и меѓусебно , а помеѓу напаѓачите имаше и вооружени лица , за кои полицијата ми кажа дека биле нивни колеги„-, вели Димитриевски.
Тој бара од полицијата да ги најде и казни напаѓачите.