Вести

Ново, македонско знаме вратено на јарболот

By Radio Bum

April 01, 2017

Македонското знаме повторно е вратено на јарболот во центарот на Куманово , откако беше симнато во обид да се постави знамето на Албанија.

МВР во официјалното соопштние информира дека дваица полициски службеници се повредени во обид да ги легитимираат лицата кои сакале да го тргнат македонското , а да го постават албанското знаме на јарболот.

Две лица од село Слупчане се приведени,а две се во бегство.

Градоначалникот на општина Куманово , Зоран Дамјановски, го осуди овој инцидент и ги повика сите граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

„Го осудувам инцидентот бидејќи знамето е симбол на суверенитет и интегритет на една држава. Неговото симнување е доказ за вандализам и непочитување на државните симболи, поради општата состојба во државата и политичката хистерија во владеачката партија. Се работи за индивидуален чин, кој нема да влијае на безбедносната состојба во општината„ – изјави градоначалникот Дамјановски.

Пратеникот Оливер Спасовски на неговиот фејзбук профил напиша,

„Денеска се случи срамен чин на симнување на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово.Го осудувам ваквиот настан од било кого да е и за било какви интереси. Ги повикувам сите граѓани на мојот град за смиреност и да покажеме дека најважно ни е Куманово,соживотот во него и Македонија„.

Од СДСМ преку соопштение упатија осуда за инцидентот и велат дека вакви инциденти одат во прилог на на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на Вмро Дпмне.

Вмро Дпмне го осуди инцидентот и побараа итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој се гази врз македонското национално достоинство.