Вести

Нападнат новинарот на ТВ 24, Христијан Баневски

By Radio Bum

March 10, 2017

Новинарот  на Телевизија 24 , Христијан Баневски бил  нападнат од демонстрантите кои учествуваат во маршот „ За заедничка Македонија‘‘ во Скопје.  Баневски додека  бил на работната задача бил удрен со стап во тил, но за среќа поминал без сериозни повреди.

За радио Бум тој  кратко изјави дека е добро.

Новинарот Баневски најпрво бил вербално нападнат , а кога го известил организаторот на маршот за нападите тие му кажале дека не било намерно.  За кратко време новинарот Христијан Баневски го удриле со стап во тил, а потоа му кажале дека „ тој што го веел знамето , не знаел како да го вее , па случајно го удриле новинарот‘‘.

Баневски и претходно добивал навредливи закани по смс на неговиот мобилен телефон. Случајот го пријавил во полиција , но заканувачот сеуште не е пронајден.