Меѓународниот ден на жената 8-ми март во себе носи корени на протест и политички активизам кои понатаму постануваат неизбежни облици на друштвениот живот.
Празникот се појавил во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии.
Годините кои претходеле на 1910 та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји.Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари.
Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени.
Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на жените и меѓународниот мир.
Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.