По објавените информации дека член на НСДП од Куманово ја напуштил партијата незадоволен од политиката на претседателот на партијата , се огалсија и од НСДП општинска организација од Куманово. Во соопштението велат дека лицето кое се претставува како член на НСДП не го познаваат и дека тој не е член на НСДП.
Во соопштението од НСДП стои :
“Почитувани сограѓани, почитувани членови и симпатизери на НСДП , почитувани медиуми, НСДП ОО Куманово известува дека учесникот на преотестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, лицето кое јавно изразува незадоволство од работата на НСДП и од работата на Претседателот на НСДП Тито Петковски не е член на НСДП”.