Вести

Вулгарни закани кон семејството на градоначалникот на Куманово од учесниците на протестот “За заедничка Македонија”

By Radio Bum

March 01, 2017

 

“ Јас ги подржувам протестите како демократска придобивка за  начин на изразување на незадоволство, но насилни протести со закани по безбедноста и животот излегува од рамките на демократијата ” – , вели градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски ,  како реакција на песната упатена од Предраг Петрушевски-Бинго ,  со индиректна закана дека некој ќе му ја убие фамилијата на Дамјановски, на синоќешниот протестен марш организиран од граѓанското здружение “ За заедничка Македонија ” .

Петрушевски, кој е претседател на здружението “ Бранители ”, индиректно со вулгарни зборови , упати закани по живот на семејството на Зоран Дамјановски.  

„Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам, јас сум тука, слободен граѓанин на Куманово и Македонија ”– вели градоначалникот на Општина Куманово .

“ Тоа се кукавици кои немаат кредибилитет во Општеството и користат комплицирани политички услови да го изразат својот однос кон општеството. Со такви закани се прави една бариера и интеретнички конфликти ”- изјави Дамјановски.