Вести

Протестен марш За заедничка Mакедонија во Куманово

By Radio Bum

February 28, 2017

Мирно и без инциденти заврши протестниот марш насловен “За заедничка Македонија” во Куманово.

“Едно име имаме , еден е јазик на македонците”, беа паролите кои се извикуваа на маршот.

Учесниците на маршот тргнаа од спортската сала, а завршија пред зградата на општина Куманово.

“Дојдовме на овој граѓански собир да го кренеме гласот против претворање на Македонија во бинационална држава , што сигурно ќе биде вовед во нови поделби на оваа парче земја што ни остана од Македонија. Сето оваа се прави на нетранспарентен начин. Никој не знае што договара врхушката на СДСМ што само ги подига тензиите во Македонија , а при тоа и помеѓу нивното членство.  Од преговорите е исклучена најголемата мултиетничка коалиција на ВМРО , само со цел да некој дојде на власт по секоја цена”- рече Јовица Станковски советник во општина Куманово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

“Многу сме зачудени и огорчени од прифаќање на платформата изготвена во друга држава и испратена на македонскиот народ како уцена. Со оваа се девалвира не само институциите туку и правниот систем на република Македонија  и сите борби и жртви на македонскиот народ со столетија наназад. Сите знаеме какво богатсво е мултинационалноста , знаеме какво богатство оставиле етничките заедници во Македонија што некој сака да избрише,  а тоа е директно поткопување на ранковниот договор”-, додаде Станковски.

Организаторите и за утре најавија марш со иста маршута .