Сам, гладен, истоштен и смрзнат своето засолниште во напуштениот хотел Кристал го нашол 62 годишниот Маријан Кузмановски. Тука е еден месец , нема роднини, нема пријатели, нема пари , нема ни работа, а нема ни храна.
Со сопругата не им одел заедничкиот живот па се разделиле пред 30 години има три деца и по разводот судот му ги доделил нему. Бил добар родител и имал добра работна позиција во секторот за финасии во чевларскиот гигант Чик, но еден ден се почнало да се руши. Кузмановски како и останатите 900 вработени во Чик ја изгубил работата и бил приморан децата да ги даде на мајка им за да може да работи и да им обебеди пари. Работел во градежништво по Балканот.
Ги изгубил родителите кои живееле во општествен стан, а бидејќи бил невработен му го одземале и станот. Останал бездомник во своето родено Куманово. На пазар запознал жена од Бугарија и со неа заминал во Бугарија каде што живеел пет години во вонбрачна заедницано претсојувал на црно. И наместо три месеци колку што можел да остане , тој останал 18 месеци. Го открила полицијата и на 27 јануари оваа година го депортирала во Македонија. Кога пристигнал во родното Куманово нема никој да му подаде рака, нема дом, а на минусни температури 4 часа одел таму ваму и решил да влезе во хотел Кристал.
”Најдов соба , кревет , нечисто е , руинирано е но немам каде. Ја чекам пролета за да почнам некаде да работам и да заработам малку пари за да преживеам да имам да јадам”-рече Марјан.
Тој срамежливо на наше инсистирање упати апел до сите добронамерни граѓани кој сака и може да му помогне. Ни кажа дека од Црвен крст му дале облека, се радува , вели дека е крводарител 38 пати давал крв. И вели дека ако има можност повторно ќе даде. Сега најнеопходно е да најде сместување, да има топол дом. Вели дека кој ќе го вдоми ќе има голема корист од него. Бара и работа за да има за леб. Има позитивен дух и вели дека ке се бори до крај. Иако со кревко здравје сепак вели дека е добро. До сега никогаш не барал помош од никој дури ни од институциите, но сега е приморан и многу му е тешко. Јас сум борец , цел живот се борам и уште ќе се борам , истоштено зборува гладниот бездомник. За него сега се грижи младиот Ице, случајно се запознале кога Марјан му побарал 10 денари да си купи леб. Ице му помага колку може и тој упати апел до сите добронамерни граѓани да помогнат колку можат.