Вести

Пронајденото тело во реката Пчиња е на исчезнатиот Драган Цветковски

By Radio Bum

February 13, 2017

Беживотното тело пронајдено  во реката Пчиња во село Студена Бара  е на Драган Цветковски потврдија од семејството.

 Од Основното јавно обвинителство Куманово, ја потврдија информацијата и велат дека син на жртвата извршил идентфицикација на трупот, но поради степенот на распаѓање ќе биде направена  ДНК анализа за утврдување на идентитетот на жртвата.

Телото е предадено на обдукција, и ќе се чекаат официјалните резултати  и причините за смртта.

Драган Цветковски роден 1958 година исчезна на 19 декември откако излегол од неговиот дом и му се губи секаква трага.

Неговото семејство организираше неколку акции да го пронајдат Цветковски но се беше неуспешно.

Поради снегот и ниските температури семејството ја прекина потрагата. Не се откажаа од Цветковски и се надеваа дека е жив и дека залутал некаде.

Но денеска по информацијата дека има човечки труп во река Пчиња во Студена Бара семејството се упатило на лице место и го индентификувало телото.

Драган бил пронајден во реката каде водата била помала, тука бил преминот преку реката,  без облека на себе имал само еден чорап, велат жителите на Студена Бара кои учествувале во акцијата на вадење на телото.

Оваа не е прв случај после толку време водата да ги исфрли трупот. Тој веројатно бил заглавен во Бислимска клисура каде теренот е непрооден , а со зголемувањето на нивото на водата трупот кој бил заглавен го исфрлила водата и завршил во Студена Бара, вели еден жител на селото.