70 годишниот Сефедин Ибраими од Куманово , денеска на пладне го загубил животот откако се лизнал на замрзнатата улица ЈНА во Куманово.
Според првичните информации Сефедин бил сам кога паднал, а бил во амбуланта да си препише лекови, информираат од неговото семејство и апелираат до локалната самоуправа и до градоначалникот да ги расчисти улиците за да не настрадаат и други луѓе.
На лице место увид извршила полицијата обвинителство и екипа на брза помош кои констатирале смрт кај Ибраими.