Вести

Куманово без Брза Помош

By Radio Bum

January 07, 2017

Службата на итна медицинска помош во Куманово остана парализирана на нерасчистените патишта, комби возилата немаат ланци  паркиран се во гаражите, а од две теренски лади ниви само една е функционална. Граѓаните да се јавуваат само за итни случаи, апелираат од итната служба , а во случај да има повредени , не се во можност  да ги пренесат до болницата.

Службата на Итна медицинска помош во Куманово е немоќна да одговори на повиците. Велат дека немаат со што да излезат и да стигнат до граѓаните на кои им е неопходна помош. Патиштата се заледени и неисчистени, а комби возилата се паркирани во гаражите бидејќи за нив нема ланци, кои се задолжителна зимска опрема до 15 март .

Вработените во брзата помош се во безизлезна ситуација, имаат две теренски возила , лада нива од која едната е нефункционална.

“Имаме четири теренски лади ниви , но две се користат од службата за домашна посета, а две се во итната помош, но една не можеме да ја стартуваме”-, информираат за радио Бум од службата .

Велат дека и покрај апелот и реакциите никој ништо не превзема и додаваат доколку  животот на луѓето зависи од помошта на службата на итната медицинска помош тие се немоќни да излезат и да помогнат.

Директорот на Заводот за здравствена заштита , Миомир Панковски, вели дека имаат доволно теренски возила за итна помош, но вината е на службата која треба да го расчисти патот.  Домашната посета не секогаш ги користи теренските возила и доколку се потребни можат да се позајмат, а за комби возилата вели дека се тешки и дека не можат да се возат по лед.