На одделението за токсикологија при кумановската општа болница за време на новогодишната ноќ биле примени дваица малолетници кои по укажаната лекарска помош се пуштени дома, информираат од токсикологија.
На хируршкото одделение бележат три интервенции од кои едно на семејно насилство, каде што син претепал татко.
Од брзата помош велат дека немаат интервенции, освен редовните кај хронично болните, информира докторка Снежана Јовановска од Итната медицинска помош.
“За разлика од претходните новогодишни ноќи можеме да кажеме дека оваа е мирна новогодишна ноќ”-, вели Јовановска.