Вести

Австралиската амбасадорка во прва посета на Куманово

Австралиската амбасадорка во прва посета на Куманово

Невработените жени од Североисточниот регион имаат можност да направат бизнис план за Зелена Економија и да конкурираат на пазарот на труд и во областа на претприемништвото.

За подобар бизнис план, Центарот за одржлив развој Елипса-Куманово во рамките на проектот грантиран од програмата на Австралиската Амбасада во Р. Србија организира три бесплатни обуки наменети за жените во регионот. Како што вели Игор Георгиев , претседател на ЦОР Елипса , целната група се сите жени, каде предност имаат маргинализирани и обесправени жени кои се во неповолна положба на пазарот на труд и во областа на претприемништвото.

” Интересот за обуките за бизнис план е голем, на првата обука слушнавме многу интересни идеи за кои сме сигурни дека ќе биднат и успешни во работата. Нашата цел е да им помогнеме во реализирање на бизнис планот и да бидат што поуспешни на пазарот на трудот и претприемништвото , вели Георгиев.

Амбасадорката на Австралија во Република Србија, Рут Стујард присуствуваше на првата обука во Куманово, таа е задоволна од интересот и од презентацијата на идните жени претприемачки од Североисточниот регион.
Амбасадорката Стјуарт со порака до идните претприемачки да не се откажуваат од својата цел.
” Имате голема можност идеите од развиените држави да ги пренесете и кај вас, ги имате сите предуслови за тоа, каде С. Македонија има и богата култура и историја”- им порача Амбасадорката Стујард. На првата обука се обрати и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој се заблагодари за првата официјална посета на Австралиската Амбасадорка и истакна дека како општина ќе ги помогнат во имплементирање на бизнис идеи кои се однесуваат на зелената Економија и промовирање на Општина Куманово. Идните претприемачки заедно со консултантот Стеван Томовски ги претставија своите бизнис идеи, каде најмногу интерес има за старите занаети, за рачни изработки како и за информативни катчиња за подобро претставување на регионот на странските и домашните туристи. Според проектната програма на ЕЛИПСА – Куманово ќе бидат одржани уште две обуки.

admin

June 6th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *