Вести

Македонија добро ги започна реформите смета Евроамбасадорот во Македонија Самоел Жбогар

Македонија добро ги започна реформите смета Евроамбасадорот во Македонија Самоел Жбогар

 

 

„Процесот на реформите е добро  започнат во Македонија и ние се радуваме на тоа”- вели амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самоел Жбогар кој денеска беше на протоколарна посета  на Куманово и се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

Според Жбогар  стартот на реформите се  гледа , а со планот 3-6-9 неколку закони се веќе усвоени во рамките на собранието

Тој вели дека според планот институциите ќе треба се справат со прислушуваните разговори , со опремата која постои во УБК, а постои и план за јавен оглас за пополнување на работни позиции во независни институции.

„Онаа што би сакале да го видиме е посветеност на владата, собранието и политичките партии да има испорачување на резултати, а доколку има такви резултати тоа ќе има позитивен ефект на односите на Европската Унија и Македонија” – вели евроамбасадорот.

Од огромна важност за реформите,  смета тој  е соработката помеѓу сите политички субјекти,  а во тој контекст  гледаат конструктивна соработка помеѓу влатата и опозицијата.

„Ние како Европска унија го охрабруваме овој процес и се надеваме дека овој вид на нова соработка помеѓу политичките партии ќе продолжи во иднина и ќе даде резултати”-, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија Самоел Жбогар.

admin

November 27th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *