Вести

„Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста“

„Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста“

Одржана завршна прес – конференција на проектот „Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста“

Во Хотел Грација во Куманово се одржа завршна прес конференција за проектот „Онлајн маркетинг, можност за зголемување на конкурентноста“.

„Досега во рамките на проектот се спроведени серија обуки кои имаа за цел да ги обучат занаетчиите и претставниците на малите и средните претпијатија, успешно да ги пласираат своите продукти на интернет.
Проектот започна во Јули 2019 година како меѓугранична сооработка со Република Бугарија во рамки на ИПА програмата. Од двете страни се обучени 40 учесници. Сите обуки се спроведоа според мерките за претпазливост поради COVID – 19.“ – изјави Марија Митева, финансиски координатор.

Помеѓу главните цели на проектот е да ја зајакне конкурентноста на пазарот преку е-трговијата, така што занаетчиите и претставниците на малите и средните претпијатија ќе можат да ги пласираат своите производи и надвор од рамките на државата.

Radio Bum

November 26th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *