Вести

Захариев: Mесечен надомест за 884 студенти и 347 ученици, мерка од четвртиот пакет на Владата

Захариев: Mесечен надомест за 884 студенти и 347 ученици, мерка од четвртиот пакет на Владата

Преку измените на Законото за ученички стандард и Законот за студентски стандард, околу 884 студенти и 347 ученици ќе бидат опрафени со помош во вид на месечен надомест, рече денеска на прес конференција претседателот на СДММ Куманово Мартин Захариев.

– Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање, изјави Захариев.

За реализација на оваа мерка, како што појасни Захариев, се предвидени 44 милиони денари од Буџетот преку четвртиот пакет антикризни мерки.

– Како одговорна партија, СДСМ и во време на пандемија покажува вистинска грижа за младите, за студентите и учениците. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и да носи законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите, рече тој.

Radio Bum

October 16th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *