Вести

Загина работник во ископ на каменолом , со камион паднал во ископот

Загина работник во ископ на каменолом , со камион паднал во ископот

Педесет и седумгодишен кумановец го загубил животот откако паднал со товарно моторно возило во ископ на каменоломот во кој работел.

– Несреќата се случила вчера информираат од МВР. На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Igor Andonovik

July 3rd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *