Вести

Куманово со најголемо загадување на воздухот кој мириса на чад

Куманово со најголемо загадување на воздухот кој мириса на чад

Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.

Граѓаните бараат од властите засилени инспекциски контроли. Претходно во неколку наврати , општината изврши аеросолизација, еден од методите со кои се намалува арозагадувањето. Во изминатите денови ЈП „Чистота и Зеленило“ ги миеше улиците во ноќните часови, што е исто така е дел од мерките за намалување на загадувањето.

admin

February 11th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *