Вести

Заев и Спасовски во Куманово, Фер општество, шанса за сите

Заев и Спасовски во Куманово, Фер општество, шанса за сите

Фер општество, шанса за сите беше насловена трибината на која пред граѓаните зборуваа премиерот на република Северна Македонија , Зоран Заев и вицепремиерот Оливер Спасовски.
Трибината е организирана да се информираат граѓаните за работењето на извршната власт, соработката со локалната самоуправа, како и да се даде можност на граѓаните да постават прашања кои се во интерес на градот.

„ Веруваме дека проблемите побрзо и поефикасно се решаваат кога се поблиску до граѓаните во делот на одлучувањето преку општините, општинските совети, локалните претпријатија, но и државата преку извршната власт има намера да биде директно или индиректно вклучена во надминување на тие проблеми. Главните теми ни се економијата, политичките аспекти, иднината, перспективите кои ги очекуваме. Дефинитивно нашата земја отвори сериозни, големи перспективи чија конечна цел имаме благодетите да ги почувствуваат граѓаните и веруваме дека токму така и ќе биде,-истакна Заев.

Премиерот Зоран порача граѓаните да бидат спокојни,тој на граѓаните им го честиташе трајниот мир и соживот.

„Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна. Куманово ни е востаните. Куманово ни е пркосот, Куманово е паталец низ минатото наше. Куманово давало жртви. Затоа Куманово знае колку е важно да градиме пријателство. Да споделуваме мир и да учествуваме во обезбедувањето на мирот. Куманово останало во меморијата колку е голема болката“, истакна Заев.

Тој најави инвестиции во Општината и целиот регион за да го врати местото коешто го заслужува, пред се во локалната и регионална инфраструктура, но и во изградба на градинки, водоводната и канализациона мрежа, спортски сали. Од оваа Влада Куманово досега добило 105 милиони денари

Вицепремиерот Оливер Спасовски рече дека Куманово во изминатиот период беше неправедно дискриминирано, заборавено и избришан од картата на државата, а сега му престои развој и просперитет за граѓаните.

„Ние испланиравме проекти кои ќе се реализираа оваа година, кои се исклучително важни. Заврши реконструкцијата на патниот правец Старо Нагоричане – Пелинце од 10 км, остануваат уште 4 километри кои ќе бидат завршени до крајот на мај. Наскоро започнува реконструкција на патниот правец Куманово – Свети Николе, потоа и градбата на патниот правец Куманово – Страцин, а веќе се работи на експресниот пат Страцин – Крива Паланка – Деве Баир. Целосна реконструкција на патот Куманово – Никуштак, – истакна министерот.

Спасовски порача дека наскоро ќе започне и реконструкција на патниот правец Куманово – Опае, а на Општината и се доделени 20 милиони денари за инфраструктурно уредување на индустриската зона. Во завршна фаза е и спортската сала во село Черкези и веќе се започнати постапки за градба на нова спортска сала во училиштето Наце Буѓони, како и други неколку инфраструктурни проекти во општина Куманово.

admin

March 25th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *