Вести

Груевски нека пукне ако сака ама нема укинување на субвенции  порача Заев од Старо Нагоричане

Груевски нека пукне ако сака ама нема укинување на субвенции порача Заев од Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане се соочува со големи финансиски проблеми и со проблеми во инфраструктурата  кои со помош на централната власт ќе бидат надминати и општина Старо Нагоричане ќе ја направиме пристојно место за живот на сите,   истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска.  Taa ја побара подршката  од граѓаните за вториот круг на локалните  избори заедно со претседателот на партијата Зоран Заев кој ја посети општината Старо Нагоричане и се сретна со жителите на оваа општина .

“Со помош на централната власт ќе направиме патна инфраструктура до сите села , улично осветлување , водоводни мрежи”- рече Јовановска и побара директно помош од Заев.

naslovna sdsm 22

Претседателот на СДСМ И премиерот на Република Македонија вети директна финансиска помош за општината. Тој вели дека руралните општини се исто важни како и урбаните општини.

Заев најави и зголемување на субвенциите пред жителите на општина Старо Нагоричане но и рамномерна распределба .

„Од 2018 година субвенциите за земјоделството ќе бидат зголемени на 160 милиони евра,  претходната Влада од предвидените 140 милиони евра, делела само по 80 до 85 милиони за земјоделците, а остатокот од парите завршувале во џебовите на поединци, рече Заев.

Треба да знаете во целиот овој период пред нас, од 2018 година субвенциите ќе бидат зголемени до 160 милиони евра, но ќе стигаат до вистинските земјоделци и ќе стигаат тогаш кога им требаат. Дополнително порастот на субвенциите ќе биде мотивирање за субвенциите за поголемо и поквалитетно земјоделско производство.

Сточарството ќе биде сериозно поддржано, не може да толерираме политика да ни влегува млеко од сите краишта на светот и кога ќе влезете во дуќаните е видите македонското млеко е само една четвртина, три четвртини имаме од секаде во светот. Не, ќе си ги заштитиме земјоделците и сточарите по сите основи со тоа што предност ќе дадеме на домашното производство, преку мудри политики согласно правилата на Светската трговска организација ќе градиме политики во кои ќе ги мотивираме сточарите да го зголемуваат сточниот фонд и да имаат повеќе пари од тоа што го работат, ве уверувам дека вистинска политика ќе имаме во земјоделството, заради тоа што на крајот на секој земјоделец му треба достоинствена продажна цена за тоа што го работи, рече Заев.

sdsm2

Пред граѓаните на Старо Нагоричане, Заев вети дека до крајот на мандатот локалните самоуправи ќе добиваат по еден проценто од бруто-домашниот на државата.

– До крајот на мандатот ќе стигнеме до еден процент од БДП, трансфер од централната власт за сите општини во Македонија, едне процент значи 95 милиони евра дополнителни пари за сите општини. Со тие пари ќе решаваме сериозни инфраструктурни и комунални проблеми на граѓаните ширум цела Македонија. најголем дел, 70% ќе дојдат за руралните општини како Старо Нагоричане, Карбинци, Росоман и многу други во Македонија затоа што тие немаат сериозни индустрии за да земаат комуналии од голем аспект за да ги полнат своите буџети. Затоа денеска сум овде дојден да побарам поддршка и дададам свој збор дека граѓаните на Старо Нагоричане треба да очекуваат поддршка од вашата Влада, од Владата на Република Македонија за конечно да има живот и овде во Старо Нагоричане за сите, рече Заев.

Во првиот круг на локални избори најмногу советници освои СДСМ , а носителот на листата е Јовица Јанчиќ кој ќе бидне и идниот претседател на советот на Општина Старо Нагоричане.

jancic

sdsm 1

 

 

admin

October 23rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *