Вести
Затворен патот од Куманово кон Свети Николе
На сила е забраната за движење на возила на патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно за сите видови возила, информираат надлежните и апелираат до граѓаните да не тргнуваат на пат, велат дека се работи на расчистување на патот,а во прекин сеуште е и регионалниот пат Кратово – Пробиштип .
Отежнато поради наноси од снег се одвива и сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка.
Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.
Во 15.00 ч. повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Забраната за сообраќај на тешки товарни возила сеуште важи на патниот правец Маврово – Дебар.