Вести

Вујиќ: Нема кривично дело за објавување на разговорите помеѓу Јанкуловска и Цветковски

Вујиќ: Нема кривично дело за објавување на разговорите помеѓу Јанкуловска и Цветковски

На завршниот збор, на судскиот процес по приватна тужба на Виктор Цветковски против СДСМ, Зоран Заев и Мартин Костовски за објавување на снимени разговори во бомбите помеѓу Цветковски и Гордана Јанкуловска , бранителот на обвинетите Мирослав Вујиќ вели дека нема ниту еден елемент за кривично дело и очекуваат ослободителна пресуда. Го разбирам тужителот Виктор Цветковски дека може да биде лут, но тој треба да се лути единствено на него самиот.

Цветковски е адвокат по професија, но никој не го терал да се бави со политика и да биде јавна личност, а со тоа сме свесни дека ќе бидеме проценувани од народот и треба да водиме сметка што правиме. – изјави Вујиќ.

Дека пред судот стои голем предизвик, се сложија двете страни.

Вујиќ во завршниот збор рече дека предизвикот не е во материјалниот аспект , туку поради мотивите кои што ја предизвикале оваа расправа и поднесување на тужбата која како акт на поднесување е неспорно легитимна, а тука се имаат во предвид меѓународни закони и конвенции и претставуваат неодвоив дел од правната регулатива. Народот треба да знае што е правено со нивните гласови, а свера на интерес е криминалот во власта, вели Вујиќ.

3

“Судот обвинетите ќе ги прогласи за виновни”- , изјави Цветковски по завршниот збор, тој вели дека со сите докази вината е докажана. Пред судот ги потенциравме отежителните околности, во нивните изјави со целата нивна ароганција кажаа дека незаслужено сум бил поштеден од објавување на дополнителни снимки, а тоа покажува на што се се спремни одредени поединци во случајот зоран заев, мартин костовски и сдсм за да се пресметаат со нивните неистомисленици. Оваа тужба ја имам поднесено со единствена цел , да ставиме крај на ваквите злоупотреби на поединци и да не се продолжи со ваква пракса, а политичарите од СДСМ дадоа лош пример со директно прекршување на човекови права.2

Цветковски вели дека приватната тужба е поднесена по два основи за снимање и објавување, а на прашањето дали Цветковски знае кој снимал , тој кажа дека обвинетите не демантирале дека тие снимале. Судот треба да процени, а јас сум подготвен до крај сите виновници да ги изнесам пред судот.

Оваа е прва приватна тужба за бомбите.

Пресудата судијата, Маја Денковска ќе ја соопшти во понеделник.

admin

February 17th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *