Вести

Едно застанување ќе има на границата со Србија и Македонија

Едно застанување ќе има на границата со Србија и Македонија

 

На едно место ќе се вршат царинските и полициските  контроли на граничниот премин Табановце и Прешево, тоа ќе биде прво место на Балканот со што ќе се намали време на чекањето на границата и сите царински формалности, оваа го најавија претседателот на република Србија Александар Вучиќ и претседателот на владата на република Македонија Зоран Заев на заедничката средба во меѓуграничниот простор помеѓу Македонија и Србија.

Според информациите на двете страни, ваквата процедура би требало да стратува наскоро, веднаш кога ќе се преформулираат и заедничките гранични служби,  а едно застанување на граничниот премин наскоро би требало да се одобри и за патниците.

Балканот годишно губи 1 миљарда долари годишно чекајќи на граничните премини, а камионите 80 проценти од времето го поминуваат чекајќи на граница , а 20 проценти во возење, покажуваат податоците од светската банка.

„Проект е финансиран од светската банка, а дел на заедничката економска агенда на западен балкан„-  рече премиерот на република Македонија кој истакна дека оваа е и резултат на големото пријателство на двете земји.

„Србија и Македонија се многу блиски пријателски земји имаме блиски односи , а определбата на граѓаните на Србија е да имаме најдобри односи со македонскиот народ, а со оваа едно застанување на граница сите ќе имаат придобивка„- рече Вучиќ.

Тој истакна дека ќе работат на тоа да има што поголема трговска размена, а позитивен е фактот, истакна Вучиќ дека имаат и зголемен број на туристи во Србија од Македонија. Податоците покажуваат дека за 12 проценти бројките  се зголемени.

admin

September 2nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *