Вести

Железничкиот сообраќај на пругата Куманово – Скопје е во прекин, се отстрануваат излизганите вагони

Железничкиот сообраќај на пругата Куманово – Скопје е во прекин, се отстрануваат излизганите вагони

По железничката несреќа која се случи вчера кога вагони на товарен воз се излизгаа од шините кај село Черкезе, денеска железничкиот сообраќај е во прекин информираат од македонски железници.
Возовите не се обраќаат на релацијата Куманово – Скопје , а брзиот воз на релацијата Белград – Солун оди до граничниот премин Табановце од каде патниците со автобус се превземаат и се носат до граничниот премин Богородица.

Денеска е започнато и отстранувањето на вагоните кои се излизгаа од пругата , а откако ке бидат тргнати веднаш ќе биде започната и санацијата на пругата и на оштетената сигнализацијата.
Од несреќата предизвикана е голема материјална штета, оштетена е пругата, железничката сигнализација, а десетина вагони веќе нема да бидат во функција . Големо оштетување има и на локалниот пат кон село Черкезе, а штета имаат претрпено и сопствениците на куќите до пругата, каде за среќа имале направено ѕидови кои ги заштитиле новите куќи од поголема катастрофа.

Товарниот воз кој се обраќал на релацијата Табановце – Трубарево бил натоварен со лим , а првичните индиции се дека причината за несреќата е претоварениот воз.

admin

July 3rd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *