Вести

Единствена причина за евентуално зголемување на цена на вода во  Куманово ќе биде непрофесионлано и некоректно однесување на претходното раководство на Водостопанство

Единствена причина за евентуално зголемување на цена на вода во Куманово ќе биде непрофесионлано и некоректно однесување на претходното раководство на Водостопанство

Единствена причина за евентуално зголемување на цена на вода во Општина Куманово ќе биде непрофесионлано и некоректно однесување на претходното раководство на Водостопанство, вели Горан Стојковски , директор на јавното претпријатие Водовод. 

Неизвесно е дали ќе има покачување на водата во Куманово, тоа ќе зависи од одлуката на судот бидејќи Водовод има поднесено тужба до управниот суд и сега ја чекаме одлуката, вели Стојковски.

„Оваа е актуелна тема последниве денови, а граѓаните да имаат  една комплетна слика за што се работи  морам да кажам дека реформите во водостобнудвање во Македонија се започнати во 2015 година преку проектот за реформи на водоснабдување спонзорирано од Европска унија преку консултант фирма „Ептиса„ која од 2015 ги води сите овие реформи. Имаше многу чекори,  ЈП Водовод мораше да изработи бизнис план,  инвестициски план,  тарифен модел и правилник за потврдување на тарифен модел. Целиот процес заврши со донесување на нов закон за тарифи за водни услуги во 2017 година од кои важен аспект е дека регулаторна комисија на Македонија, која што ја утврдува цената на електрична енергија, гас, бензин, нафта презеде на себе и улогата на регулатор на цена на вода. Со една мала измена кога ќе се утврди цена на електрична енергија, гас и бензин таа  е конечна во законот е подметнато буквално кукавичјо јајце на локалните самоуправи да Регулаторна комисија утврдува просечна цена на вода и минимален или максимален опсег од 2 до 10 проценти, а конечната цена да ја утврди Советот на општините, наместо како досега да ја утврди регулаторната комисија. Буквално имаме влегување во ингеренции на локланта самоуправа, вели Стојковски.

Првиот човек на Водовод Куманово објаснува и зошто во Куманово доаѓа конкретно до промена на цена на вода. Од регулаторната комисија им биле  побарани сите документи, финансиски извештаи за моменталната состојба на јавното претпријатие и сите приходи и расходи што ги имало претпријатието.Кога регулаторната видела дека се фактурира водата по 2,3 денари веднаш им било наложено да се покачи цената. 

„ЈП Водовод Куманово од 2013 година без разлика што цена на сирова вода со која што не фактурира Кумановско липковско поле, со 6,7 денари на сметка за вода на секој граѓанин и понатаму сирова ја водиме по цена од 2,3 денари, репер година за утврдување на конечна цена за вода е за жал 2016 , кога имаме цена од 6,7 денари. Кога регулаторот виде дека ние фактурираме по 2, 3 денари  буквално беше фрапиран затоа што не ги прифати сите наши укажаувања дека ако направиме зголемување на цена ќе биде удар врз секој граѓанин врз нивниот скромен буџет. Не беа прифатени овие наши укажувања според сите пресметки ќе дојде до зголемување на цена на вода за пиење до последниот конзумент граѓанинот за оној износ за којшто се плаќа сирова вода, објаснува Стојковски и вели дека за оваа работа алармирале 4 години кога  Водостопанство кумановско- липковско поле цената на водата ја утврдило врз желба која поттекнува од фрустрација и комплекс на претходното раководство, кои со години се убедуваа да направат незадоволство кај граѓаните на Куманово и да покаже дека и локалната самоуправа е неспособна и ЈП Водовод не е во можност да ги извршува своите должности. Сега секој граѓанин на општина Куманово за жал ќе мора да ја плаќа цената на оваа безумност, неспособност, лична фрустрација и комплекс. Од страна на ЈП Водовод се преземени буквално сите законски мерки за да не дојде до вакво нешто. На 14-ти декември минатата година е поведен спор пред Управен Суд на РМ за утврдување на цена на сирова вода исто така е испратена иницијатива до министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, министерство за животна средина и просторно планирање, регулаторна комисија и здружение на комунални претпријатија во Македонија се со цел цената на сирова вода биде уште пониска за да има основа за покренување на нова постапка за утврдување на нова цена за вода која нема да биде зголемена. Ние ги искористивме сите легални можности за да не дојде до зголемување на цена на вода. Законската процедура за жал е следна ЈП Водовод согласно законот за тарифа на водни услуги мора во рок од 20 дена откако ја има добиено цената од регулаторно комисија да утврди конечна цена и таа да ја достави до одобрување до општина Куманово. Општина Куманово во рок од 45 дена мора да поведе постапка за утврдување, прифаќање или неприфаќање и доколку не се поведе оваа постапка во рок од 150 дена од денот кога регулаторната комисија го има издадено решението, самата регулаторна ќе донесе цена за вода, објаснува директорот на ЈП Водовод , Горан Стојковски.

admin

February 2nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *