Вести

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил синоќа по 23 на улицата Трета македонска бригада во Скопје.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на министерството за внатрешни работи.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Како што објави Макфакс од обвинителството кажале дека на телото на Илиевски немало траги на насилство.

Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека истрагата е по тек и кога ќе заврши ќе соопштат детали.

Влатко Илиевски беше роден на втори јули 1985 година. Од 2000 до 2007 година, тој беше член во групата „Морал“. Од 2007 година започна соло кариера.

Во 2011 година со песната „Русинка“ Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во  Германија.

admin

July 7th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *