Вести

Маските на отворено не се задолжителни: Владата ќе прави законски измени за да ги усвои препораките од Комисијата

Маските на отворено не се задолжителни: Владата ќе прави законски измени за да ги усвои препораките од Комисијата

На владината седница не беше донесена одлука за усвојување на препораките од Комисијата за заразни болести кои ги предложи минатата недела со цел превенција од понатамошното ширење на заразата со корона вирусот во Македонија. За да стапат на сила последните предложени рестриктивни мерки, Владата донесе заклучок дека прво мора да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

-Во врска со препораките, Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести, соопштија од Владата.

Истовремено од Владата информираа дека добро ги разгледале препораките од Комисијата за заразни болести, по што го донеле заклучокот дека се неопходни законски измени за: задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст; За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

И во однос на кафеаните, рестораните, кафулињата, баровите и сите останати угостителски објекти нема нови рестриктивни мерки, освен досегашните протоколи, односно дезинфекција на просториите, дистанца меѓу гостите и носење маски.

Radio Bum

October 14th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *