Вести

Доброволци од Куманово, направија и доставија визири и заштитна опрема за медицинскиот персонал

Доброволци од Куманово, направија и доставија визири и заштитна опрема за медицинскиот персонал

Над 1000 визири и заштитна опрема се направени и донирани на медицинските работници од група на ентузијасти од Куманово кои неуморно работеа за да ја направат заштитната опрема.

,,На иницијатива на лекари од болницата „8ми Септември“, од Скопје, пред околу половина месец започна принтањето со 3Д технологија на заштитна опрема за медицински персонал. Иницијативата многу брзо се рашири низ целата држава, па така се направи и екипа во Куманово која почна да принта за потребите на Куманово и кумановско. Независниот тим, составен од 12 лица од нашиот град, располага со 12 машини за 3Д принт кои неуморно принтаат веќе 15 дена и досега имаат направено преку 1.000 визири што се предадени на медицинските установи во нашата непосредна околина: околу 350 на градската болница Куманово, преку 100 на здравствениот дом, 30 на центарот за јавно здравје, 50 на болницата во Св. Николе, 20 за Кратово, 60 за Крива Паланка и уште многу дадени на приватните здравствени установи, односно на ординациите воглавном по општа медицина. Останува уште само мал број на институции што не се покриени со оваа благородна акција, како и приватните ординации од Кратово, Крива Паланка и Св. Николе, а примарна цел е да се снабдат со визири сите медицински установи низ земјава.
Организацијата функционира по пат на донации, а тоа значи дека се прибираат средства со кои се купуваат материјали (филамент – материјал за принтање, вералит – проѕирен штит).
Освен листите што содржат информации за медицинските установи и лекарите, постои и формулар со кој се пријавуваат сите на кои досега не им била доставена оваа толку потребна опрема.
Формуларот може да го превземете тука:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeixFnq9Sma1SoOu_6PmqjVnuk_JwAlMsN7XUNWgUcnc7Kn2w/viewform

Држете чекор со сите новости, тука:
https://www.facebook.com/groups/634350560476573/

Фејсбук група на ниво на државата, тука:

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/

Би сакале да се заблагодариме на интересот и поддршката кои ги добиваме во огромен број, да ве поздравиме вас медиумите и да укажеме на тоа дека нашата група работи на волонтерска база, трошејќи електрична енергија за принтерите од свој џеб и време што со љубов го дарува онаму кај што е најпотребно во оваа кризна состојба.
Поздрав од луѓето кои не се прават херои, туку тоа навистина се!

Igor Andonovik

April 7th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *