Вести

Виктор Бижиновски поднесе оставка од  место претседател на КК Куманово

Виктор Бижиновски поднесе оставка од место претседател на КК Куманово

Актуелниот претседател на Кошаркарски Клуб Куманово Виктор Божиновски поднесе неотповиклива оставка. Причината за оставката како што наведува Божиновски е што тој го дал максимумот на оваа место.

На местото на Божиновски позицијата претседател на клубот ја извршува Младен Давидовиќ , досегашен спортски директор на клубот.

Во писмената изјава доставена до радио Бум се вели: -“Пред 7 години, кога го превземав раководењето со Кошаркарскиот клуб Куманово, се работеше за клуб кој после 9 години пауза во функционирањето и само една сезона одиграна во Втората кошаркарска лига беше шампион и стана нов член на елитното друштво во македонската кошарката. Во овие години, КК Куманово 2009 стана угледен и респектиран клуб, како на македонската, така и на меѓународната кошаркарска сцена. Во овој период КК Куманово 2009 два пати играше финале на Македонската кошаркарска лига, еднаш Финале на Купот на Македонија и еднаш Финале на Балканската БИБЛ лига, успеси кои заслужуваат почит. Секако, веројатно можеше и повеќе и подобро, но сепак од спортски и човечки аспект апсолутно сум задоволен од сите успеси во овие години.

Денес, после се ова, одлучив да поднесам ОСТАВКА од местото Претседател на КК Куманово 2009 од причина што сметам дека го дадов својот максимум на ова  место и дека дојде време свој придонес во кошарката да дадат и некои нови ентузијасти во овој спорт. Во наредниот период оваа функција ќе ја извршува г-дин Младен Давидовиќ, досегашниот спортски директор на клубот.

На крајот, сакам да изразам благодарност на сите спонзори кои овие години го помагаа клубот и на главниот покровител на клубот Општина Куманово”,се вели во соопштението.

admin

November 8th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *