Вести

Велосипедскиот клуб ВЕЛО М со две титули победник на Куп на Македонија

Велосипедскиот клуб ВЕЛО М со две титули победник на Куп на Македонија

Стартот на новата сезона за велосипедскиот клуб Вело М Терма лифт започна успешно, со вкупно 5 медаљи и две први места , тие се победници на Куп на Македонија во друмски велосипедизам.
Оваа трка е прва за сезона 2019 , а се возеше на релација Градско – Неготино во должина од 120 километри.

Никола Лефков во категорија Сениори го освои првото место, а веднаш зад него на целта втор стигна Стефан Петровски кој го освои второто место.
Во категорија Мастерс првото место го освои Зоран Ристовски, а трето место во иста категорија е за Ален Денковски.
Новата надеж за велосипедскиот клуп Вело М Термалифт велат од клубот е 11 годишниот Лука Петрушевски кој го освоил третото место во категорија У-13.

admin

May 13th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *