Вести

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Актерот, Ванчо Петрушевски почина денеска од струен удар.

Настанот се случил денеска во 14 часот, во Орешани. Од МВР велат дека сеуште не можат да откриваат детали, бидејќи увидот е во тек.

Веста дека познатиот глумец трагично го изгубил животот ја потврди неговиот колега и директор на Драмскиот театар, актерот Сашо Тасевски.

„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме“, напиша Тасевски на фејсбук.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април, 1951 година во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје” од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Добитник е на бројни престижни награди и признанија за својата дејност.

admin

August 25th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *