Вести
Откриени и приведени вооружени лица од Пакистан во Ваксинце
Во Ваксинце вечерва биле откриени и приведени вооружани Пакистанци. Според информациите на СВР Куманово, вечерва во 18.30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени 6 мигранти од Пакистан. По извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми. Сите лица се приведени за понатамошна постапка.
Сузана Андоновиќ