Вести

Спасовски- Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој

Спасовски- Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беа на увид на градежните работи за рехабилитација на патниот правец Куманово – Страцин, делница долга 16,6 километри. Во кумановско се рехабилитирани патишта во должина од 112 километри појасни премиерот Спасовски.

Како што потенцираше Спасовски, се рехабилитира комплетната коловозна реконструкција на делницата Куманово – Страцин, со асфатлирање во два слоја и се изведува санација на три моста и десет пропусти.

– Се гради заштита на косини со армирано бетонски ѕидови и се поставува заштитна мрежа заради безбедност. Долж делницата ќе се реновираат и градат седум паркиралишта и осум автобуски станици и се изведуваат работи за комплетна обнова на хоризонтална и вертикална сигнализација по целата оваа траса, како и електричното осветлување на патот кој минува низ населеното место Страцин, изјави Спасовски.

,,Во целиот источен и југоситочен регион на нашата земја е во тек интензивна градежна офанзива. Завчера бевме во Крива Паланка, а претходниот ден во Валандово за да ги охрабриме изведувачитена голем број инфраструктурни проекти да продолжат со исто темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување на обврските и да се завршат екпсресните патишта, регионалните, локалните, да финишираат работите на големите системи за наводнување, канализационите мрежи – Сите од огромен интерес за граѓаните бидејќи дојдоа како резултат на нивните барања.
Да им го олесниме движењето, да ги поврземе регионите за брза комуникација и деловни активности, да им го олесниме работењето на земјоделските површини, да им обезбедиме современи долготрајни услови за живеење.
И денеска сме тука со истата намера. Да ги поддржиме работниците на трасите, да им соопштиме на граѓаните дека сите проекти се реализираат според планот и дека ќе бидат завршени во утврдените рокови.
Денеска во посета и на увид во работите на една од главнит артерии на европскиот коридор 8.
Овде се работи на делницата од Куманово до Страцин, долга 16,6 километри. Се рахабилитира комплетната коловозна конструкција со асфалтирање во два слоја и се изведува санација на 3 моста и 10 плочести пропусти. Се гради заштита на косини со армирано бетонски и габионски ѕидови и се поставува заштитна мрежа заради безбедност.
Долж делницата се реновираат и градат 7 паркиралишта и 8 автобуски станици, и се изведуваат работи комплетна обнова на хоризонталната и вертикалната сигнализација по целата траса, како и електричното осветлување на патот што поминува низ населеното место Страцин.
И во услови на пандемија градиме по план, современа инфраструктура за современа држава.
Дури и во вонредни околоности, во услови на пандемија не запира градежната офанзива.
Наша грижа е и постојано да ги потсетуваме работнците и менаџерите на компаниите изведувачи да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците.
Новата реалност, која станува наше секојдневие, ни овозможува со почитување на мерките за заштита на работниците, капиталните инвестиции во инфраструктурата која ни е потребна да не запира, да продолжува да се реализира и интензивира.
Денес, инвестициите во инфраструктурата, во патиштата се инвестиции за подобрата поврзаност на локалните заедници со големите економски центри. Тоа се инвестиции за можности за новата развојна македонска економија.
Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија.
Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите.
Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој, особено во овој дел на земјата кој еден подолг период беше запоставен.
Денес Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и со тоа ја исправа долгогодишната неправда што со години му беше нанесувана на овој град. Рехабилитирани патишта во должина од 112 км и тоа: Куманово-Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Свети Николе, Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Страцин и Ропалце – Матејче – Липково. Овие регионални патишта околу Куманово никој не ги реконструирал повеќе од 40 години.
Наследивме хаос со неплански и недомаќински планови за патишта, тое непотребно создаде дополнителни трошоци за санирање на штетите, но тоа не не’ обесхрабри.
Напротив, во последните три години со спротивен пристап, со домаќински, чесен и одговорен, европски однос инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктура за сите, во се’ она што е важно за граѓаните и државата.

Како што појасни премиерот и во услови на пандемија се гради со ентузијазам, пожртвуваност, и по план, современа инфраструктура за да имаме современа држава.

– И во вонредни околности, во услови на пандемија, не запира оваа градежна офанзива и нема да запре воопшто. Се разбира наша грижа е постојано да ги потсетуваме работници и менаџерите на компаниите, изведувачите да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците, додава Спасовски.

Igor Andonovik

June 24th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *