Вести

Кумановските угостители утре и задутре со продолжено работно време

Кумановските угостители утре и задутре со продолжено работно време

Угостителите во Куманово утре и задутре ќе можат да работат дополнителни два часа, ваква одлука вчера донесоа советниците на 17. Седница на Советот на Општина Куманово.

Како што појасни секретарот Десанка Стошевска ваквата одлука е со цел да им се излезе во пресрет на угостителите кои ќе работат за време на прославата на 499 години од формирањето на градот.

– Бидејќи тоа го дозволува и закон за угостителска дејност каде е придвидено дека советот за одредени манифестации содржани во програми моќат да го продолжат времето за два часа најмногу за три дена, тука се работри за два дена и мислам дека оваа одлука треба да биде ставена на дневен ред, рече Стошевска.

Прославувањето на Денот на ослободувањето започнува утре со настапот на Ѕвонко Богдан, а своја кулминација ќе има в сабота со концертот на Хари Мата Хари, но во програмата за одбележување предвидени се и низа спортски и културни манифестации.

Igor Andonovik

November 8th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *