Вести

Насатвник без диплома вработен во основно училиште во Матејче

Насатвник без диплома вработен во основно училиште во Матејче

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Кривична пријава е поднесена против Џ.Р.(62) и М.Ш.(55), двајцата од с.Матејче и против Т.Е.(37) од с.Ропаљце, општина Липково.
Џ.Р., поранешен ВД директор на ОСУ „Култура“ од с. Матејче, распишал оглас во 2015 година за пополнување на работно место наставник во подрачно училиште во состав на ОСУ „Култура“, при што вработил лице кое имало завршено средно образование, на штета на А.Р.М., која ги исполнувала бараните услови. Притоа, тој во периодот од 01.09.2015 изготвил Договор за вработување на определено време со висина на плата од 19.800 денари месечно, кој бил продолжуван до 31.08.2018 година. По истекување на овој договор, М.Ш., директор на ООУ „Култура“ во с.Матејче, продолжил со изготвување нови договори, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.05.2019 за работа во ООУ „КУЛТУРА“ с. Матејче – подрачно ОУ „5 Октомври“- с.Никуштак, кое е нов правен субјект и нема надлежности за склучување на договори за вработување. Т.Е., ВД директор на ООУ „5-ти Октомври“ – с.Никуштак, премолчувајќи го фактот дека неговиот вработен како наставник по одделенска настава бил со несоодветно образование, му дозволил да работи во училиштето, а договорите за вработување на определено време да ги изготвува М.Ш, како директор на друг правен субјект.

admin

November 22nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *