Вести

Фарбарот на Титов споменик реши јавно да каже зошто го сторил делото, од полицијата беше лоциран, легитимиран и одведен во СВР Куманово

Фарбарот на Титов споменик реши јавно да каже зошто го сторил делото, од полицијата беше лоциран, легитимиран и одведен во СВР Куманово

 

Тито е непријател на Македонија и македонците и не заслужува неговиот споменик да стои во центар на Куманово, вели Мики Заовски од Куманово, кој викендот го исфарба со црна боја споменикот на Јосип Броз Тито во Куманово и нацрта кукаст крст.

farbar 3

„ Немам никаква одговорност за фарбањето на споменикот на Тито,  знам сум што направив, но, тоа беше израз на мојата душевна болка од сите овие години“, вели Мики Заовски. Тој е човекот кој викендов со црна боја го искрнави споменикот на Тито и  исцрта кукаст крст , а денеска како што кажа самиот , одлучил да каже што направил, сакаше да отиде и до општината да се види со градоначалникот и лично да му каже што сторил, за да подоцна се предаде и во полицијата, но во меѓувреме од полицијата беше лоциран, легитимиран , а откако сам го призна делото и однесен во СВР Куманово.

farbar 1

Заовски вели дека како поединец го сторил фарбањето на споменикот, првин со спреј, но откако тоа не се познавало убаво, истиот го префарбал со црна фарба, затоа што како што вели ликот на Тито е црн самиот по себе.

– Јас тоа го направив како израз на мојата душевна болка, сите овие години кога ќе поминам и ќе го погледнам, доста беше време за молчење, знам дека имам многу истомисленици во Куманово и на Балканот, знам историски факт е дека тоа е агент на МИ6, англиската кралица на целиот свет, вели Заовски.

Шеесетгодишниот кумановец вели дека сите овие години не се свртело вниманието на тој споменик зошто стои на плоштадот во градот. За ликот и делото на Јосип Броз Тито вели дека е негативен историски лик за Македонија. За Куманово вели дека скоро 80 години е заробено од комунистите.

farbar 2

– Моето барање е веднаш да се отстрани и ако борците имаат смелост и храброст, во наводници ако се сега борци, ако јас имам 60 години од 1958 година, од 40-те се плус 18 години, тоа се осумдесетина години колку што е и заробен овој град од комунистите, преку Комунистичката партија на Македонија и Комунистичката партија за демократска преобразба, единствен случај во Европа дека толку има владеење на една партија преобразена. Тоа е партија на пеперутки, пеперутката каде ја носи ветерот, така и нивното раководство сега, од Заев па до градоначалниците нивни, вели Заовски.

Уште во 1971 година, Мики Заовски со графити од ВМРО во центарот на Куманово ги налутил властите и бил приведен. Социјален случај е со сопруга која е технолошки вишок од кумановскиот тутунски комбинат. Започнал правни студии, но поради економски причини не успеал да ги заврши.

Со транспарент во рацете планот на Заовски беше да оди пред Општина Куманово и да бара телевизиски дуел со градоначалникот Максим Димитриевски, но во тој момент на градскиот плоштад додека зборуваше со медиумите се појавија двајца полициски службеници кои го легитимираа и побараа со нив да тргне на разговор во полициската станица.

Фарбачот на споменикот на Тито рече дека сам ќе оди да се пријави, па во придружба со полицискиот службеник пеш замина во СВР Куманово.

 

admin

May 29th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *