Вести

Пријавете доколку не се почитуваат владините мерки против Квид 19

Пријавете доколку не се почитуваат владините мерки против Квид 19

Владата ги објави телефонските линии и меил адресите за пријавување на непочитување на мерките против борбата со Корона вирусот. Сите граѓани можат да ги пријават сите субјекти кои не ги почитуваат мерките , велат од Владата.

,,Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови е-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии. Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државан инспекторат за труд poplaki@dit.gov.mk
151 31

-Државен пазарен инспекторат nepravilnosti@dpi.gov.mk
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство sin@fva.gov.mk
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт prijavi@dti.gov.mk

-Агенција за лекови и медицински средства prijavi@malmed.gov.mk

Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас.

Igor Andonovik

March 26th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *