Вести

Понеделник , Свети Сава, неработен ден за граѓаните од српската заедница

Понеделник , Свети Сава, неработен ден за граѓаните од српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Свети Сава, архиепископ Српски, основач на Српската православна црква. Тој бил син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година.

Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.

admin

January 24th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *