Вести

Под силно полициско обезбедување започна судскиот процес за смртта на малиот Алмир

Под силно полициско обезбедување започна судскиот процес за смртта на малиот Алмир

Нетрпеливост и нетолеранција – ова, според Обвинителството, е главната причина за немилиот настан во кој животот го загуби четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Судскиот процес за неговата смрт започна денеска, а обвинетиот за убиство, Бобан Илиќ во Основниот суд Куманово беше донесен под силно полициско обезбедување.

Стефан Павловски, бранителот на Илиќ вели дека оваа е исклучително тежок случај, не само од правен туку и од хуман човечки аспект, бидејќи во настанот  едно дете загина , а повеќе лица се повредени.

“Според обвинителниот акт, произлегува дека јавниот обвинител вистината ќе ја докажува преку последиците . нашата намера е да докажуваме дека нема вина , нема умисла и вистината ќе ја докажуваме преку причините поради кои што се предизвикани тие последици.

На судот ќе му треба исклучително правно знаење за да донесе објективна одлука”-, рече бранителот на првообвинетиот Бобан Илиќ, кој со автомобил ги прегази мајката и детето, а повредите беа смртоносни за Алмир Алии.

Бранителот на трите  лица  против кои има кривична пријава за насилство, Асмир Алиспаиќ вели дека немаат никаква врска како што е наведено во обвинителниот акт , а тоа ќе го докажат со снимката.

Алиспаиќ вели дека мајката, таткото и сега починатото дете биле жртви на умисла од Бобан Илиќ и од неговиот брат кој не е опфатен со обвинителниот акт и ќе поднесе кривична пријава за насилство и соизвршителство .

Мајката, Ниџивера Касуми, со која започна сведочењето на судскиот процес побара од судот на Бобан да му се пресуди со доживотна казна затвор, вели дека тоа го направил намерно и дека сакал да го прегази целото семејство,  тој е убиец ми го уништи семејство го заврши сведочењето.

Мајката вели дека кобниот ден детето било болно и требало да прими инекција, со невенчаниот сопруг го донеле детето прво во ургентен центар но таму им кажале дека мора во здравствен дом со сега обвинетите за насилство таткото Сеат Алијо, , Абдула Алијо и Сами Демири со автомобил дошле во здравствениот дома каде имало гужва и чекале подолго време. Дојде една личност на која и беше многу лошо и ние ја пуштивме, по што Бобан почна да се расправа со мажот ми и да не навредува. Зеде телефон се јави на брат му и му кажа брат ми дојди одма. На излегување му се нафрлија на мојот сопруг, а јас им кажав немојте тука пред детето.

Кога излеговем го прашав сопругот каде е автомобилот и во тој момент слушнав глас ќе ве прегази и се онесвестив, кога дојдов при себе го видов детео на ќошот од куќата , го зедов во раце и го однесовме во уред од каде не испратија во болница, а од тука со брза помош во Скопје, каде по шест дена како последица на повредите Алмир почина.

Мајката не се сеќава дека нејзиниот невенчан сопруг се јавувал на телефон и дека викал некој да дојде.

 

Судскиот процес е во тек, ќе бидат сослушани и Тања Димковска, девојката со која бил Бобан и Бојан Илиќ , братот на Бобан.

На прашањето на судијата Маја Денковска , која го води случајот, дали се чувствуваваат виновни за делото за кое се обвинети сите инволвирани во случајот кажаа дека не се чувствуваат виновни.

На 26 јули минатата година по вербална расправија во кумановскиот здравствен дом по физичка напад да избега со автомобил, Бобан директно удрил во мајката и детето, по што четири годишниот Алмир почина како последица на нанесените повреди.

 

 

admin

February 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *