Вести

Судот од понеделник со ново работно време

Судот од понеделник со ново работно време

Од понеделник, 4 септември, судовите ќе почнуваат со работа во 7.30 и ќе завршуваат во 15.30 часот наместо како што беше досега, од 8.30 до 16.30 часот, одлучи Судскиот совет на денешната седница.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека Советот ќе следи како тоа ќе влијае врз ефикасноста на судовите.

„Вработените во судовите, и судиите и судската администрација, недвосмислено се изјаснија дека им е подобро да работат од 7.30 часот. Ние го почитувавме тоа и сега ќе видиме, ќе следиме како тоа ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите“, рече Караџовски.

admin

August 30th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *