Вести

Стојанче Величковиќ прв човек на СВР Куманово

Стојанче Величковиќ прв човек на СВР Куманово

Со решение на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  Стојанче Величковиќ од Куманово е новиот началник на СВР Куманово.

Величковиќ денеска е назначен за прв човек на кумановската полиција, а разрешен е Моме Јакимовски.

Величкович началничата функција ја извршуваше и за време додека Спасовски беше и технички министер за внатрешни работи. Тогаш тој беше и мета на упад на  јавни обвинители придружувани со специјалци и дефендери кои против него отпочнале истрага за изборен криминал.  Пред неговото семејство специјалната единица на полицијата му упаднаа во домот, каде му беше одземена чантата со  документи .

Тогаш Величковиќ посочи дека јавниот обвинител Марко Зврлевски, за кого деновиве се расправа за разрешување од функцијата, и тогашниот министер Митко Чавков дека го местат за изборен фалсификат и поткуп на гласачи , затоа што не дозволил во Куманово да има изборни манипулации.

admin

July 6th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *