Вести

Жаклина Јовановска од СДСМ ,  кандидат за градоначалник во Општина Старо Нагоричане

Жаклина Јовановска од СДСМ , кандидат за градоначалник во Општина Старо Нагоричане

Познат е и првиот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, дознава Бум од извори во партијата .

Официјално  името на Жаклина Јовановска да биде кандидат е соопштено на синоќешната партиска  седница на Централниот Одбор на СДСМ. За оваа позиција имаше повеќе заинтересирани кандидати од СДСМ, но и од новата српска странка во Македонија. Централата по анкетите одлучила зад кандидатурата за градоначалник на општина Старо Нагоричане да застане Јовановска.

Јовановска е вработена во јавното претпријатие Чистота и Зеленило во Куманово.

Таа на својот фејзбук профил се заблагодари на сите во партијата кои и ја дале довербата.

Почитувани, сакам да искажам огромна благодарност до мојата матична партија СДСМ поради укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Старо Нагоричане на претстојните локални избори.
Честа и задоволството е огромно, убедена сум дека ќе ја оправдам довербата и ке оствариме победа, а општината Старо Нагоричане ќе биде поубаво место за живеење
” – напиша Јовановска денеска на нејзиниот фејзбук профил.

 

 

admin

August 23rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *