Вести

Српската странка во Македонија му даде поддршка на претседателот Јовановиќ да ја води партијата уште 4 години

Српската странка во Македонија му даде поддршка на претседателот Јовановиќ да ја води партијата уште 4 години

На изборното собрание делегатите му дадоа целосна поддршка на досегашниот претседател на Српската странка во Македонија,  Мирослав Јовановиќ.

Тој истакна дека ќе се залага за подобрување на статусот на србите во Македонија.

srbi 1

„И во наредниот период со нашите коалициони партнери ќе работиме на подобрување на економската состојба во државата.  Ќе работиме и на подобрување на положбата на Србите во Република Македонија, бидејќи во моментот се на маргините. Во договор со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев пред 4 месеци во Белград беше договорено да започнеме парцијално да ги решаваме проблемите, како што е образованието, култура и останатите проблеми кои ги засегаат граѓаните“, -изјави Јовановиќ.

 

Тој најави дека партијата во наредниот период ќе се шири и во останатите општини, а досега имаат 22 општински одбори. Денеска според статутот имаме присутно 120 делегати кои одлучуваат за органите на српската странка во Македонија.

Ненад Ѓорѓевиќ , претседател на општинската организација на Српската странка во Македонија вели дека имаат зголемување на членството, претставници во извршната власт, советничко место и очекуваат и назначување на директор на основно училиште.

image

“Јас како претставник на општинската партија тврдам дека во рок од овие четири години како е формирана партијата имаме голема масовност и  напредок во самата партија. Имаме претстаници во советот на општината, парламентот ќе добиеме и директор на основното училиште работиме на зајакнување на српството.

Најголемиот приоритет е самите Срби да се поттикнат јавно и гласно да се декларираат како Срби, да се шири образованието, децата не знаат да зборуваат српски. Соработката во коалицијата е на високо ниво.Партијата има женски огранок, околу 50 проценти жените се застапени во партијата, по сите месни организации, на општинско и централно ниво. Имаат редовни активности, поголемиот број се со коалицијата” – истакна Ѓорѓевиќ.

srbi 2

На изборното собрание како гости присуствуваа и претставници на коалицијата на СДСМ.

 

 

admin

May 21st, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *