Вести

Спасовски положи цвеќе на бистата на народниот херој Карпош, а официјално денеска е отворена реконструираната поставка во куќата музеј

Спасовски положи цвеќе на бистата на народниот херој Карпош, а официјално денеска е отворена реконструираната поставка во куќата музеј

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по повод 77 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош положи свежо цвеќе пред бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Куманово,а воедно беше отворена и реконструираната поставка на куќа музеј на Карпош .

,,Првпат куќата музеј на народниот херој Карпош била отворена во 1979 година, а пред две години започнато е со реконструирањето на постојната поставката.
Обновена е целосно со нова концепција и историска поставка. На долниот кат е изложбениот мебел кој датира од 1930 година, на горниот кат низ форекси, фотографии, документи и предмети е прикажан животниот пат на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, информира Марија Живачки ,виш кустос, историчар.
Поставката сите граѓани ќе можат да ја видат од понеделник до петок.

,,Проектот започна во 2019 година , а завршен е во 2020 година, финансиран е од старна на министерството за култура и градоначалникот и советот на општина Куманово информира директорот на Народниот музеј Куманово , Богдан Таневски.
Тој се заблагодари на вработените за напорите и организацијата. Потрошени се 600 000 денари.

Историчарот Марија Живачки вели дека Христијан Тодоровски Карпош бил одличен ученик и бил ослободен од полагање на матура во кумановската гимназија. Школувањето го продолжил во Вишата самоуправна гимназија каде поради ширењето на комунистичка пропагана бил исклучен од гимназијата. По окупацијата, дејствувал во Козјачкиот партизански одред. Од 28 август 1943 година, Кумановскиот партизански одред дејствувал самостојно на чело со Христијан Тодоровски Карпош. Со овој одред Карпош дејствувал во селата, Карпино, Драгоманце, Думановце.

По наредбата на Главниот штаб на НОВ, Кумановскиот партизански одред прераснал во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“. За командант на баталјонот е назначен Христијан Тодоровски Карпош.

– Значајни борби што ги водеше батаљонот „Јордан Николов – Орце“ се против Вардарскиот четнички корпус на 10 декември 1943 година во село Дренк, со бугарскиот полициски одред Бенковски на 13 јануари 1944 година во село Пелинце и на 7 фебруари 1944 во село Биљача Прешевско, против бугарската војска и полиција каде што загинува командантот на баталјонот Христијан Тодоровски Карпош. Тој е прогласен за народен херој на 29 јули 1945 година, појаснува историчарката Живачки.

Во просториите постирани се фотографии, документи, оружје од тој период, експонати, покуќнина, предмети кои ги користело семејството на Карпош.

Radio Bum

February 7th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *