Вести

Спасовски: Совесни возачи за безбедност во сообраќајот, казни за несовесните возачи

Спасовски: Совесни возачи за безбедност во сообраќајот, казни за несовесните возачи

Зголемени се сообраќајните контроли и безбедносната состојба во сообраќајот во Куманово, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот  Спасовски рече дека има зголемен интензитет на возила во Куманово во летниот период, што се должи на зголемениот прилив луѓе кои доаѓаат во родното  Куманово на одмор од западноевропските држави.

На реакцијата на граѓаните на Куманово дека на гратскиот кеј,  каде граѓаните се релаксираат во жешките летни вечери, владее хаос во сообраќајот и дека се дивее по улицата  Октомвриска со автомобили и мотори и скоро секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди и несреќи министерот вели дека на таа локација има поставено сообраќајна контрола.

– Полицијата е на терен, преземаме мерки превентивно да делуваме во однос на регулација на сообраќајот, меѓутоа сите мора заедно да си помогнеме ако сакаме да имаме безбеден град. Контролата е зголемена веќе 20-тина дена. Се работи по посебен план на контрола секојдневно, меѓутоа не можеме да задолжиме по еден полицаец на едно возило. Ние имаме патрола постојано и на булеварите „Трета МУБ“ и на „Октомвриска револуција“ и околу кејот, но за тоа мора да помогнат и возачите, граѓаните ако сакаме да бидеме безбедни во делот на сообраќајот, изјави Спасовски.

Тој додаде дека македонската полиција презема мерки со цел поголема безбедност, не само во Куманово туку и на цела територија на државата и повика на поголема соработка на граѓаните со полицијата.

 

admin

August 4th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *