Вести

Спасовски: Покажавме дека и во пандемија може да се организираат фер избори

Спасовски: Покажавме дека и во пандемија може да се организираат фер избори

„Како Влада покажавме дека навистина можеме и во вакви услови на пандемија, на сериозна здравствена криза, да се организираат фер, демократски, слободни избори и, пред сѐ, безбедни за здравјето и животот на граѓаните“, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, по остварувањето на гласачкото право во Куманово.

Спасовски, кој е носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Втората изборна единица, рече дека било важно граѓаните да гласаат на овие избори за да се реши патот на државата.

„И во услови на оваа пандемија многу е важно денеска граѓаните да излезат масовно на избори и слободно да ја изразат својата волја – да видиме врз основа на одлуката каде ќе се движи државата во наредниот период. Ова е сериозен предизвик заради тоа што во вакви сериозни времиња, и одговорноста на секој граѓанин е навистина голема, со цел да воспоставиме институции што се ефикасни, институции што се со полн легитимитет и ќе може да носат одлуки во наредниот период за зачувувањето на здравјето, да носат одлуки за подобрување на економската состојба во државата“, додаде Спасовски.

radiobum

July 15th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *