Вести

СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО

СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО

Кој учествува во транспортот на учениците и колку чини превозот беше првото прашање на советниците на советот на општина Куманово на 48-та седница на која како единстевна точка на дневен ред беа советничките прашања.

Седницата ја напуштија советниците од ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери за како што рече координаторот на опозиционата партија во советот не сакаат да учествуваат во политички маркетинг на градоначалникот.

Прашањето за превозот на учениците  се актуелизираше по објавувањето на информацијата на дел од медиумите дека Куманово троши двојно повеќе средства за превоз на ученици од другите општини.

Градоначалникот , Зоран Дамјановски одговарајќи на прашањето рече дека во Куманово, Старо Нагоричане и Липково се превезуваат 5 300 ученика, а цената се определува според зоните, односно одалеченоста од училиштето. За првата зона која е најефтина се плаќа 57 денари дневно. Во превозот на учениците учествуваат 15 компании со 47 автобуси и 37 комбиња. Превозот чини 80 милиони денари годишно без ддв- рече Дамјановски.

На седницата правото да постават советничко прашање го искористија 10 советника, а покрај превозот на учениците најмногу прашања беа упатени за инфраструктурата и капиталните инвестиции на Општината.

admin

February 17th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *