Вести

СОС Детско село на општина Куманово донираше опрема за  детски игралишта

СОС Детско село на општина Куманово донираше опрема за детски игралишта

Општина Куманово доби донација од СОС Детско Село,  опрема за детско игралиште. Донацијата ја прими градоначалникот на општина Куманово , Максим Димитриевски кој се заблагодари и рече дека опремата за детски парк ќе  даде можности општината да направи повеќе детски паркови во Куманово. Дел од донацијата градоначалникот најави дека ќе биде оставена и за децата во Табановце, а ќе биде поставена во дворот на училиштето во селото.

“Оваа донација е од бегалскиот камп, со која управувало Детско село, опремата е во добра состојба и со мала репарација децата ќе добијат убава опрема за паркови кои се потребни на Општина Куманово”-, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

sos 2

“Опремата ќе биде во кампот до 30 јуни до кога и е предвидено да трае мигрантската криза по што ќе може да се дислоцира од страна на институциите кои што ја добиле донацијата, а општина Куманово ќе може и има право да достави барање за добивање на опремата за потребите во општина Куманово што со одлука на владата и ќе биде одобрено”-, изјави главниот раководител на транзитниот центар во Табановце , Горан Стојановски.

“Во моментов во транзитниот центар има 21 мигрант, но состојбата е дневно променлива, пред една недела во кампот имало 60 бегалци. Третманот и активностите  за грижа на бегалците е иста , имаат храна, медицинска помош и сместување. Едно семејство со дечиња има во кампот, а останатите се сами. Помлада категорија на луѓе кои се класифицирани како економски мигранти од Алжир, Либија, Мароко”- изјави Стојановски.

Од СОС Детско село велат дека  од почетокот на кризата во 2015 година до декември 2017 година пружиле помош на повеќе од 230.000 деца, деца без придружба, мајки, бремени жени и млади девојки. Помошта била во вид на психосоцијална поддршка на краток период, но и на подолг период на оние кои што подолго биле  сместени во Транзитниот  центар, хуманитарната помош и здравствената заштита која што ја обезбедувале преку Црвениот крст на град Скопје и слободен пристап до интернет  за сите бегалци. Сервисните  услуги биле  спроведувани во партнерство со Центарот за управување со кризи Скопје, како и со Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово, Министерството за труд и социјална политика и стратешкиот  партнер канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, изјави Срѓан Амед, менаџер на проектот за поддршка на СОС Детско село во Македонија.

 

 

radiobum

March 30th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *