Вести

Автомобил излета од патот и удри во дрво во Старо Нагоричане, тројца повредени

Автомобил излета од патот и удри во дрво во Старо Нагоричане, тројца повредени

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила во село Старо Нагоричане , во местото “Беле грамаде”, три лица се повредени, од кои едно потешко.
Според информациите од СВР Куманово , возило излетало од коловозот и удрило во дрво при што тројцата патници од возилото се стекнале со повреди.

– Патничко возило „сеат ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo. Во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди. Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош – велат од СВР Куманово.

Направен е увид на местото на настанот и се работи на откривање на причините заради кои се случила незгодата.

admin

May 6th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *